Михел Фрончек кој му беше помошник на Марк Ван Бомел ќе ја има улогата на в.д. тренер во фудбалскиот состав на Волфсбург.
Бундеслигашот се определи за такво решение откако Холанѓанецот по само 4 месеци спогодбено ја прекина соработката со популарните „волци“ кои влегоа во резултатска криза.
Според медиумите, како можни наследници на Ван Бомел се потенцираат имињата на Флоријан Конфелд, Един Терзиќ и Доменико Тедеско.