Чешката тенисерка Маркета Вондроушова е новата шампионка на Вимблдон. Таа ја победи Онс Жабер во финалето на Вимблдон во женска конкуренција. Во мечот кој траеше релативно кратко, само час и 20 минути, чешката тенисерка славеше со идентички 6;4 во двата сета.
42. тенисерка на ВТА листата никогаш досега нема триумф на Грен Слем турнир и за неа ова е првиот голем трофеј во кариерата. Жабер втора година по ред не успева да го освои Вимблдон. Тунижанката минатото лето исто така загуби во финалето. Тогаш подобра од неа беше Елена Рибакина.

