Голманот на Тотенхем, Мишел Арман Ворм, го продолжи договорот со тимот.
34-годишниот холандски голман потпишал нов договор со клубот до крајот на сезоната 2018/19.
Мишел Ворм е дел од Тотенхем од 2014 година, каде што се пресели од Свонси Сити. Минатата сезона Холанѓанецот одигра 11 официјални натпревари за англискиот клуб и прими 10 гола.