Екипата на Тотенхем која беше во големото финале во Лигата на фудбалските шампионите во претходната сезона, потпиша договор со голманот, Мишел Ворм.
35-годишниот Холанѓанец ќе остане во тимот до крајот на сезоната. Тој беше играч на Спарси до летото по што клубот го ослободи, но, сега реши повторно да го ангажира. Ворм досега поминал вкупно 5 години во дресот на Тотенхем.
Лондонскиот елитен состав соочен со повредата на Уго Лирис по поразот на мечот со Брајтон, беше принуден да направи таков потег и да ангажира уште еден чувар на мрежата.