Гар Лејшон кој му е тренер на еден од најдобрите десетобојци во светот во последната деценија, Демиен Ворнер, верува дека Канаѓанецот во тековнава сезона може да го собори светскиот рекорд.
Во исто време и 33-годишниот атлетичар кој го освои олимпиското злато во Токио а не настапи поради повреда на Светското првенство во Орегон одржано во изминатиот јули, нагласи дека се чувствува подготвен.
„Веруваме дека ги имаме вистинските дисциплини да го нападнеме светскиот рекорд. Тоа не значи дека ќе биде лесно“ вели Ворнер.

