Репрезентацијата на Аргентина загуби од селекцијата на Саудиска Арабија (1:2) во натпреварот од 1. коло од групната фаза на Светското првенство во фудбал во Катар 2022 година.
Вкупната цена на арапскиот тим е 25,4 милиони евра, што е два пати помалку од сегашната цена на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси (50 милиони евра). Вкупната вредност на тимот на Аргентина е 633,2 милиони евра, што е речиси 25 пати повеќе од онаа на Саудиска Арабија.
35-годишниот Меси постигна еден гол на последната средба, реализирајќи пенал во 10. минута. Аргентина и Саудиска Арабија се во групата Ц заедно со Мексико и Полска. Мексиканците и Полјаците денеска со почеток во 17 часот ќе го одиграат натпреварот од првото коло.