Aнглиската Премиер лига, вечерва и официјално ја отвора новата сезона 2021/22. Првиот меч е закажан од 21 часот и тоа на теренот на новајлијата Брентфорд, кој пред своите навивачи го пречекува Арсенал во првиот меч од 1. коло.
Титулата ја брани Манчестер Сити, кои според многу параметри и годинава ќе бидат еден од главните фаворити за шампионскиот трон. Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул се само дел од останатите тимови кои се решени да тргнат по салпот на „граѓаните“. Челзи кој ја освои Лигата на шампионите годинава ќе биде уште посилен со доаѓањето на Ромелу Лукаку и со уште неколку одлични засилувања во таборот на Томас Тухел. Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на второто место, но сега се засили со играчи како Џејдон Санчо и Рафаел Варан и ќе тргне по својата прва титула по завршувањето на ерата на Сер Алекс Фергусон.
Ливерпул исто така сонува за титулата, особено што, покрај публиката, на „Енфилд“ се враќа и столбот во одбраната Вирџил Ван Дајк.
1 коло
Брентфорд – Арсенал
Манчестер Јунајтед – Лидс
Барнли – Брајтон
Челзи – Кристал Палас
Евертон – Саутемптон
Лестер – Вулверхемптон
Ватфорд – Астон Вила
Норич – Ливерпул
Њукасл – Вест Хем
Тотенхем – Манчестер Сити