Интер е во очекување на лекарските информации за состојбата со хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко. Тој се повреди за време на настапот за хрватската репрезентација во Лигат ана Нации и сега се уште е неизвесно колку време ќе мора да паузира.
Во катастрофата на светскиот вицешампион, Врсаљко се повреди по само 20 минути игра, по што мораше принудно да ја напушти играта. Според последните информации има сомнеж дека станува збор за повреда на лигаментите во десното колено, но најпрво ќе се чекаат денешнте специјалистички прегледи за да се утврди комплексноста на повредата.