Полскиот фудбалер Роберт Левандовски не сака да го продолжи договорот со Баерн Минхен, објавија медиумите во Германија.
Првата ѕвезда на Баварците има тековна соработка до 2023 година и нема намера да прифати нов договор. Затоа се очекува бундес-тимот да го стави на трансфер листат во текот на летото за да може да добие одредено обештетување.
За неговиот потпис главен кандидат е Барселона иако се споменуваат и одредени екипи од Англија.