Лионел Меси синоќа првпат беше стартер во дресот на Интер Мајами и успеа да постигне два гола за неговата нова екипа во рамките на Лига купот на САД.
Интер Мајами славеше над Атланта со убедливи 4:0, а Меси ги воодушеви фановите со два гола за само 22 минути. Аргентинецот реализираше уште во 8. минута по одличната асистенција на Серхио Бускетс, за во 22. минута да донесе предност и од 2:0.
За впечатокот да биде целосен, Меси имаше и асистенција за четвртиот гол на неговата екипа. Интересно, екипата на Интер Мајами стигна до првата победа со четири гола разлика без примен гол.