Офанзивниот играч на Манчестер Сити, Фил Фоуден, втора година по ред ја освојува наградата за најдобар млад играч во англиската Премиер лига.
21-годишниот играч за врска има значаен придонес во одличната сезона на Манчестер Сити во Премиер лигата, со тоа што „граѓаните“ се многу блиску до одбрана на минатогодишната титула. Во последното коло од шампионатот во недела, Сити е домаќин на Астон Вила и доколку победи ќе го освои првото место.
https://twitter.com/ManCity/status/1527939756079951875?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1527939756079951875%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2022052111161920176
Фоуден постигна 9 голови и 5 асистенции на 27 натпревари во Премиер лигата оваа сезона. Во сите натпреварувања, младиот фудбалер на Манчестер Сити има 14 гола и 11 асистенции на 44 натпревари.
Фоуден победи седум други играчи до 23 години – Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Тајрик Мичел, Мејсон Маунт, Арон Рамсдејл, Деклан Рајс и Букајо Сака.