Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Вуков со први бодови во Порше Суперкупот
    Домашен микс

    Вуков со први бодови во Порше Суперкупот

    sasoBy saso26/07/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот возач Ристо Вуков ги освои првите бодови во Порше Суперкупот на трката возена на патеката Хунгароринг.

    Проблематичниот старт на сезоната во кој најпрво се откажа трката во Имола, проследен со излетувањето во Монако и дефектот на моторот во Австрија, конечно донесе позитивни вибрации на трката во Унгарија.

    „Сите спортисти се соочуваат со разни проблеми во своите кариери, така и во мојот случај искушението беше големо. Благодарение на тестирањата што претходно ги имав на оваа патека, бев во можност тука да го дадам најдоброто од себе. Знам дека можев уште подобро бидејќи се соочивме со проблем во квалификациите кога поради дождот што го изми асфалтот, целата работа околу сетирањето на автомобилот на тренинзите беше загрозена, а сличен проблем се покажа и во квалификациите што се возеа во Формула 1. Минатата година мојот тим не учествуваше во Порше Суперкуп и инженерите немаа претходно искуство на оваа патека, па тоа се одрази на пласманот на 21 место на стартот. Сепак, стабилните временски услови потоа овозможија да се вратиме во ритам и автомобилот беше многу подобар во трката, а тоа ми дозволи да напредувам до 14 место и да освојам поени. Горд сум на фактот дека сум прв Македонец што го постигнал тоа, но моите аспирации се повисоки“, вели Вуков.

    Идниот викенд на програмата е гран при викендот во Белгија, на патеката Спа Франкоршамп.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.