Македонскиот возач, Ристо Вуков, продолжува меѓу светската елита во Порше Суперкуп кој се вози пред трките на Формула 1. Toj на претходниот викенд во Австрија имаше контакт со Дирк Шотен по што се изврте и на крајот заврши како последен.
„Навистина жалам бидејќи ми пропадна одлична шанса за освојување поени. Автомобилот беше во одлична форма и немам зборови за професионалноста на мојот тим „Омбра рејсинг“ кој застанува зад мене во тешките моменти,- рече Вуков.
„ Се надевам дека малерите и проблемите останаа во Австрија. Силверстон е сосема поразлична патека“ – изјави Вуков пред неделната трка.