Легендата на сплитски Хајдук, Зоран Вулиќ, и официјално е поставен за нов тренер на тимот. 56-годишниот стратег кој е вистинска легенда на сплиќани, доаѓа на жешкото столче на „Пољуд”.
Последен пат Вулиќ беше на „Пољуд” во 2007 година, а ова е негово петто враќање во клубот. Тој ќе биде нов тренер на нашиот интернационалец Мирко Ивановски, кој ова лето направи трансфер во сплитскиот тим.