Вулверхемптон ќе загуби еден од најважните играчи следниот месец. Португалскиот репрезентативец Рубен Невеш има повреда на коленото, која ја доби на натпреварот со Лидс Јунајтед, кога почувствува болка и беше заменет во 25. минута.
Првичните очекувања беа дека повредата не е толку сериозна, бидејќи 25-годишниот играч за врска дури доби повик за португалската репрезентација и замина во својата земја. Таму му беа извршени дополнителни медицински прегледи, кои покажаа дека има повреда на медијалниот колатерален лигамент. Според прогнозите, Невеш ќе мора да одмора најмалку еден месец пред да се врати на теренот.
Тоа значи дека ќе ги пропушти претстојните натпревари со Астон Вила, Њукасл, Барнли и Брајтон, а се надева дека на почетокот на мај ќе биде во составот на својата екипа за последните битки во Премиер лигата против Челзи, Норич и Ливерпул, како и одложениот натпревар со Манчестер Сити, за кој се уште не е одреден датум.