Англиската екипа Вулверхемптон победи на гостувањето кај Бешикташ во 2. коло од Лигата на Европа. Средбата се одигра на стадионот „Водафон Арена“ во Истанбул и заврши со резултат 1:0 во корист на Вулвехемптон.
Единствениот и победнички гол беше постигнат во судиското надополнување од страна на Боли. Англискиот тим со ова успеа да забележи победа во натпревар од Европски куп за прв пат по 39 години. Последниот пат кога „волците“ остварија победа на Евро сцена беше во октомври 1980 година, кога го победија ПСВ (1:0) на домашниот стадион во 1/32 натпревар од Купот на УЕФА.
Во третото коло од групната фаза во Лигата на Европа, Волверхемптон ќе се сретне со Слован Братислава на 24 октомври.