Лондонски Арсенал преговара за продолжување на договорот со напаѓачот Габриел Мартинели. Англичаните ќе мораат тројно да ја зголемат платата на бразилскиот фудбалер за да го задржат во тимот. Ова го пренесува „Дејли Мејл“.
Сега 21-годишниот Мартинели добива 80.000 евра неделно. Мартинели стана играч на лондонскиот тим во летото 2019 година. Бразилскиот напаѓач постигна четири гола и даде две асистенции во 11 настапи во Премиер лигата и Лига Европа оваа сезона, а договорот истекува во 2024 година.
Арсенал има 24 бода од девет натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на првото место, пред Манчестер Сити со еден бод помалку. Во следното коло избраниците на Микел Артета ќе играат со Лидс, но претходно ќе се сретнат со норвешкиот Бодо-Глимт во натпреварот од групната фаза во Лига Европа.