Лоши вести за навивачите на Манчестер Јунајтед. Данскиот играч за врска Кристијан Ериксен го чека долга пауза.
Поради повреда на скочниот зглоб, Данецот најверојатно ќе отсуствува од терените до почетокот на мај, пренесуваат англиските медиуми.
Тоа практично значи дека во голема мера актуелната сезона за Данецот е завршена. Тоа ќе биде голем проблем за тренерот Тен Хаг, кој во Ериксен имаше сигурен стартер оваа сезона.