Поранешниот играч за врска на Барселона, Арсенал и Челзи, Сеск Фабрегас смета дека Садио Мане е најдобриот играч во Премиер лигата.
Сенегалскиот напаѓач од Ливерпул ги постигна двата гола во победата над Челзи вчера. Минатата сезона тој постигна 18 гола во Премиер лигата, а претходно ја освои „Златната копачка“ во Англија.
Мане постигна двоцифрен погодок во неговите шест сезони во Премиерлигата, од кои првите две со Саутемптон.
„Повторно велам – Мане е најдобриот играч во Премиер лигата“, напиша на Твитер францускиот фудблер кој оваа сезона игра за Монако.

