Во Лацио сеуште не пристигнале официјални понуди за нивниот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пишува „Калчомеркато”.
Интерес кон Србскиот интернационалец има од Јувентус, Манчестер Јунајтед и Париз Сен Жермен, но никој од нив не се поврзал со раководството на Римскиот клуб, за да започнат официјални преговори за привлекување на играчот.
Последните информации се дека Милинковиќ-Савиќ веќе се договорил со Јувентус за личните услови. Од Јувентус имале средба со неговиот агент Матеја Кежман и се договориле тој да потпише договор за 5 години со плата во износ од 6 милиони евра по сезона. Сепак „бјанконерите” се уште не испратиле понуда до неговиот клуб Лацио.