Крилниот играч на Тотенхем, Иван Перишиќ доживеал тешка повреда на тренинг и најверојатно за него сезоната е завршена. Според информациите, Перишиќ ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото.
Поради повредата Перишиќ ќе мора да оди на операција и го чека долга пауза. Според најавите, Хрватот нема да може да игра фудбал најмалку пет месеци.