Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино ги сподели своите очекувања за финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, кое се игра вечерва.
„Се ќе зависи од формата во која екипите ќе се приближат до финалето. Реал Мадрид имаше помал стрес во подготовките за финалето, можеше подобро да го менаџира времето. Ливерпул мораше да игра во финалето на ФА Купот и исто така беше во трка за титулата во Премиер лигата до последниот натпревар. Ливерпул имаат играчи во тимот чие ниво е многу високо. Реал Мадрид ќе биде 100% подготвен. Во финалето, нестабилните фактори како среќата, формата или инспирацијата на поединечен играч можат да го одлучат исходот. Реал Мадрид ја има предноста од искуството и енергијата во финалето на Лигата на шампионите. Овие моменти го прават Реал Мадрид опасен. Реал е фаворит на оваа пресметка“, потенцираше Покетино за „Марка“.