Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не можеше да се помири со вчерашниот пораз од Астон Вила во Премиер лигата. Хаусе им донесе победа на гостите, откако домашните промашија пенал за израмнување.
„Не уживав и не ми се допадна начинот на кој го опколија судијата и просторот околу белата точка и се обидоа да влијаат на Бруно. Јасно е дека им успеа, но тоа не е убаво да се гледа. Сепак го постигнаа тоа што го сакаа“, изјави Солскјер, кој за промашениот пенал на неговиот фудбалер ги обвини гостите.