За првпат во историјата, Австралиец ќе суди натпревар во англиската Премиер лига. Имено, Џаред Жилет ќе биде судија на натпреварот од англиската Премиер лига меѓу Ватфорд и Њукасл во следното коло кое е на програмата викендов.
Жилет е судија со значка на ФИФА, а одлично ја познава и англиската Премиер лига затоа што претходно работеше како судија во ВАР собите на неколку натпревари.
Тој беше дел од повеќе судиски семинари и кампови во Англија, а досега судеше во пониските лиги на англискиот фудбал, и во Австралија каде што е роден. Викендов ќе го има своето деби на терените на една од најсилните светски национални фудбалски лиги.