Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»За трансфери ова лето биле потрошени 5,44 милијарди долари
    Фудбал

    За трансфери ова лето биле потрошени 5,44 милијарди долари

    risteBy riste13/09/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалските клубови од целиот свет потрошиле рекордни 5.44 милијарди долари за нови играчи во текот на летниот трансфер период, но огромен дел од 4.21 милијарди за платени од клубовите од ТОП 5 првенствата во Европа.

    Системот на ФИФА- ТМС покажува податоци дека тимовите од Англија, Германија, Италија, Шпанија и Франција дале 77,5 % од сите пари за фудбалери во периодот од 1-ви јули до 1-ви септември оваа година.

    Тоа е за 6,6 % повеќе или со 3,95 милијарди повеќе за тимовите од ТОП 5. Англија очекувано е на врвот на оваа листа со потрошени 1,44 милијарди, што не е национален рекорд. Во 2017 година, премиерлигашките клубови потрошиле 1,465 милијарди долари, и покрај скратениот период за трансфери оваа година.

    Италијанските клубови од Серија А потрошиле 1,004 милијарди долари, што е зголемување за 74,7 % од претходната година. Оваа сума ги прави втората најактивна лига во светот. Во Шпанија, трошењето скокна за 42,2 % или 961 милиони долари.

    Во Франција движењето на стрелката е во спротивна насока. Минатата година 419 милиони долари се намалени за 37,4 %. Германија обично е помеѓу 3 и 5 и сега е последна со потрошени само 391 милион долари или пад од 31,1 %.

    Во споредба со последните 5 години, трошоците за тимовите од првите 5 европски првенства речиси двојно се зголемија. Во 2013 година, износот за сите изнесуваше 2,01 милијарди долари. Во системот ТМС се регистрирани 8401 трансфери во целиот свет за трите летни месеци.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.