Играчот од средниот ред на Баерн (Минхен), Марсел Забицер ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед и ќе одлета за Англија, каде ќе потпише со „црвените ѓаволи“, пренесуваат новинарите Фабрицио Романо и Дејвид Орнштајн.
Фудбалерот ќе се пресели на „Олд Трафорд“ на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп, иако разговорите меѓу двата клуба продолжуваат и се работат последните детали. Австриецот веќе се збогуваше со соиграчите од Баерн, а Забицер е сликан на аеродромот во Минхен, каде што ќе лета за Манчестер.
Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, исто така даде зелено светло за трансферот, бидејќи очигледно нема намера да се потпира на играчот од средниот ред, кој едвај добива минутажа по продолжувањето на Бундеслигата.