Дуелот меѓу Кристијано Роналдо и Лео Меси во Ријад, привлекува големо внимание во Саудиска Арабија.
Португалецот ќе биде капитен на комбинираниот тим на фудбалери на Ал-Насер и Ал-Хилал додека Аргентинецот ќе го предводи ѕвездениот состав на Пари Сен Жермен. Тоа ќе биде прв меч за петкратниот освојувач на „Златната топка“ по неговиот трансфер во Азија. Приходот ќе биде наметнет за добротворна органзиација.
Бизнисмен од Саудиска Арабија платил 2,1 милиони фунти за ВИП билет кој бил ставен на аукција со почетна цена од 220.000 фунти. На крајот, Мушараф бин Ахмед Ал-Гамди победи во наддавањето и стана сопстевник на најскапиот билет во историјата на фудбалот.