Напаѓачот на Кристал Палас, Вилфрид Заха, побара од клубот да го продадат во Арсенал. Сепак, цената може да биде сериозен проблем за евентуална зделка на 26-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска и трансфер во Арсенал.
Според весникот „Ел Мундо Депортиво“, Кристал Палас ќе побара 111 милиони евра за Заха, додека од раководството на Арсенал не се подготвени да го платат тој износ. К
ристал Палас веќе се раздели со Арон Ван-Бисака кој замина во Манчестер Јунајтед, така што во овој момент не сакаат да останат и без Заха, кој постигна 9 гола во 36 натпревари минатата сезона и имаше 10 асистенции.