ФК Вардар денеска и официјално го објави името на новиот тренер на тимот. На жешкото столче седнува Срѓан Захариевски, кој минатата сезона ја водеше екипата на Воска Спорт до финалето на Купот на Македонија.
По саботниот пораз од екипата на Воска Спорт во домашното превенство, тренерот Горан петрески поднесе оставка. Во изминативе два дена се шпекулираше со неколку имиња како можни негови наследници, за одлуката денеска да падне на Захариевски, кој ќе има тешка задача да го врати тимот на вистински патеки.

