Фудбалската репрезентација на Словенија ќе допатува ослабена во Скопје на мечот против Македонија во квалификациите за ЕП откако двајца играчи отпаднаа од списокот на селкторот, Кек.
Тоа се Лука Захович (Марибор) и Домен Чрнигој (Лугано). Захович го повреди мускулот на вчерашниот дуел со Мура во домашниот шампионат додека Чрнигој очекувано не се појави на денешниот натпревар со Сион во швајцарскиот шампионат бидејќи не ја санирал повредата заработена на последниот квалификациски меч со Полска.
Се остава простор дека селекторот, Кек, соочен со отсуството на двајцата фудбалери може да повика дополнително нови играчи за мечот со Македонија кој ќе биде одигран на 10 овој месец на Арената -„Тодор Проески“.