Францускиот играч од средниот ред, Ворен Заире-Емери, пред полуфиналниот натпревар против Шпанија, потенцираше дека неговиот тим воопшто не е го интерерсира што противникот мисли за нив.
„Не знам што мислат Шпанците. Ние сме Франција и не се плашиме од никого. Фокусирани сме на себе. Тие можат да ги искажат своите мислења, но тоа нема многу смисла. Играта не се игра на социјалните мрежи или во печатот. Се игра на теренот. Искрено, не читам што зборуваат другите. Ние сме фокусирани на себе и размислуваме за натпреварот, а не за медиумите. Подготвени сме. Сакаме да ја победиме Шпанија и да се одмаздиме, но за да го направиме тоа, треба да останеме фокусирани“, потенцирал фудбалерот на ПСЖ.

