По поразот од Грузијците, нашиот централен дефанзивец Ѓоко Зајков смета дека противникот не је заслужил победата, бидејќи Македонија доминираше на теренот.
„Според мене ова е не заслужена победа. Македонија доминираше на терен, Грузијците ги искористија своите шанси. Грешките се составен дел, се прават и ќе се прават. Штета што не успеавме да го отвориме први мечот, но со кранти глави одиме во понеделник. Нема да биде проблем психологија, тоа е посебен меч за чест и гордост. Да ги направиме сите гледачи среќни. Сите млади фудбалери имаат квалитети, за тоа сите сме тука. Квалитетот е тука, само ни треба малку време да се покаже на терен, ние го покажуваме тоа, мислам дека ни фали таа мала среќа на натпреварите“, изјави Зајков.

