Денис Закарија би можел да остане во Премиер лигата по позајмица во Челзи.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Вест Хем е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред, кој се уште е во сопственост на Јувентус.
Како што објавија италијанските медиуми, клубовите веќе преговараат. Претставниците на тимовите се слушнале неколкупати, но засега нема јасен договор.
Во Премиер лигата, Швајцарецот одигра 7 натпревари, но тоа не беше доволно да го убеди Челзи да го задржи и за следната сезона со перманентен договор.