Капитенот на Вардар, Горан Закариќ, не крие дека очекува голема поддршка од трибините на утрешното финалето во Купот против Струга Трим Лум. Мечот ќе се одигра на Националната Арена „Тодор Проески“ од 20.00 часот.
„Чест и задоволство ми е што сум тука како капитен на Вардар. 18 години поминаа и имаме голема шанса да го вратиме трофејот во витрините на клубот. Мислам дека со помош на нашите навивачи ќе се избориме за таков успех. Ќе се подготвиме максимално и се надевам ќе се радуваме сите заедно по натпреварот“ – рече Закариќ.
„Тука сум од првиот ден на сезоната, имавме тежок период и секако дека имаше промени. Серијата без пораз заслужува респект особено кон луѓето кои дојдоа подоцна. Покажавме пролетва кои сме и што сме, мислам дека и утре ќе дадеме максимум за да стигнеме до успех“, изјави Закариќ.

