Кристијано Роналдо, најверојатно, нема да остане во дресот на Реал Мадрид, а тоа веќе го потврдуваат повеќе медиуми од Шпанија, вклучително и авторитетната „Марка“.
Според информациите, синоќа во Мадрид средба требаше да имаат Хорхе Мендеш, менаџерот на фудбалерот и претседателот на клубот, Флорентино Перез. Оваа средба дефинитиво ќе ја одлучи иднината на Португалецот во Мадрид.
Перез сака да го реши овој проблем што е можно поскоро, за да не го одложи за до почетокот на новата сезона. Роналдо не доби нов подобрен договор од Реал како што бараше и тоа е една од главните причини поради која инсистира да си замине од Мадрид. Ако им се верува на пишувањата на печатот, најверојатната негова нова дестинација ќе биде Италија и тамошниот шампион Јувентус.