Легендарниот фубалер на Интер и на селекцијата на Аргентина, Хавиер Занети, верува дека „гаучосите“ ќе ја совладаат Хрватска и ќе влезат во финалето на Светското првенство во Катар.
„Ќе биде тежок натпревар, Хрватска е силен состав. Нема да биде лесно но, верувам дека ќе победиме“ – вели Занети.
Средбата Аргентина – Хрватска ќе биде одиграна утре со почеток во 20 часот. Главен судија ќе биде Даниеле Орсато од Италија.