Потпретседателот на Интер и воедно клупска легенда, Хавиер Занети, беше гостин во подкастот на италијанскиот комичар, Џакомо Порети, кој е голем фан на тимот.
Одличниот дефанзивец зборуваше за најразлични теми поврзани со неговата долга кариера во миланскиот гигант. Тој се осврна и на составот со кој беше освоена – „триплетата“.
„Бевме силен тим . Многу е значајно тренерот да го пренесе тоа чувство. Тоа е дел од фудбалот но, кога си мирен, порано или подоцна вложеното ти носи успех. Ако сте упорни, резултатите ќе дојдат“ –рече Занети.