Потпретседателот на фудбалскиот состав Интер, Хавиер Занети, вели дека играњето во Лигата на шампионите е сосема нормална работа за „нероазурите” кои вечер на домашен терен ќе излезат на мегдан со Тотенхем.
Средбата за калчо-лигашот претставува враќање на големата европска сцена по долга пауза од цели седум години. Занети и покрај тој податок не крие дека е оптимистички расположен.
„Лигата на шампионите е единствен настан. Публиката на Џузепе Меаца ќе им даде поддршка на играчите кои ќе се сретнат со најголемите тимови во Европа. Се сеќавам на мојот прв натпревар во Лигата на шампионите. Игравме во Пиза против екипата на Рига. Ние победивме со 4: 0 и оттогаш почнав да чувствувам голема љубов кон тимот ” – потенцираше Занети.