Фудбалерот од средниот ред на Рома, Николо Заниоло, откако успеа да ја надмине повредата на коленото добиена на мечот со Јувентус одигран на 12 јануари, полека се врати во тренинг процес.
Тој додека беше надвор од терените одлучи да направи и операција на носот за да може подобро да дише.
Фудбалерот на „волчицата“ кој првично работеше со младинскиот тим, наверојатно за неколку недели ќе биде подготвен да се врати во игра.