14-то издание на Виз Ер скопскиот маратон ќе се одржи в недела со рекорден број од преку 10.000 учесници од 58 земји. Главен промотор ќе биде светската рекордерка Пола Ретклиф а главни покровители на манифестацијата се градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт.
„Очекуваме убава слика на улиците, ќе имаме новитети покрај патека и секако атрактивна трка. Мораме да бидеме задоволни од бројката на пријавени натпреварувачи“ истакна директорот на маратонот, Кире Синадиновски на денешната прес-конференција.
Пола Ретклиф пак, не криеше дека е задоволна со улогата што ја има. „Сум слушнала навистина многу убави зборови за Виз-ер Скопскиот маратон, за градот и Македонија. Се надевам дека сите ќе бидат задоволни“ – нагласи светската рекордерка. Градоначалникот, Петре Шилегов, издвои дека Маратонот станува значајна манифестација во овој дел на Европа додека Директорот на АМС, Дарко Каевски, нагласи дека Агенцијата останува верен пријател на Маратонците. Наградниот фонд ќе биде 17.600 евра.