Организаторите на трката – „Скопје трча 10 километри“ објавија дека денеска по 10.00 часот започнува пријавувањето за четвртото издание кое ќе биде во организација на тимот на Виз Ер Скопски маратон и Сојуз на спортови на Скопје.
Тие што ќе се пријават денеска и утре ќе може да го одберат стартниот број за трката на 10 километри и штафетната трка од 2 пати по 5 километри кои ќе се реализираат на 6. октомври 2019. Секој учесник може да купи и „dry fit“ маица со логото на трката а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели. „Skopje Run 10K“ втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.
За повеќе информации за Skopje Run 10K посетете ги официјалните канали: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/SkopjeRun. Он-лајн пријавувањето ќе биде активирано и кај партнерот за пријавување www.smartrace.club.