Денеска во Франција ќе започне 13-то Европско првенство во ракомет за жени. На отворањето не очекува мега пресметка меѓу домаќинот кој е актуелен светски првак и селекцијата на Русија која на ЛОИ во Рио се искачи на највисокото место на пиедесталот.
Во групната фаза мечевите ќе се реализираат во салите во Париз, Нант, Брест и Монбелјар додека завршницата и решавачките мечеви за медали ќе бидат одиграни во „Акор Хотелс Арена“ во претстолнината на Франција.
На шампионатот ќе учествуваат 16 земји а пехарот ќе го брани селекцијата на Норвешка.