Кошаркарите на МЗТ Скопје и на Еуро Никел денеска ќе ја започнат финалната битка за шампионската титула во домашнотo првенство.
Средбата ќе стартува во 19.00 часот во салата Јане Сандански во Скопје а ќе ја судат: Игор Митровски, Зоран Митровски и Горан Бошковски. Делегат ќе биде Петар Денковски.
Финалната серија ќе се игра во три добиени меча по принцип дома-гости. Сите средби ќе бидат реализирани без присуство на публика.