Денеска ќе бидат одиграни првите 8 натпревари од групната фаза во елитата на Европа. Програмата започнува со две средби во 18:45 часот. На „Сан Сиро“, Милан ќе игра со Њукасл додека Јанг Бојс ќе му биде домаќин на РБ Лајпциг.
Бранителот на тронот, Манчестер Сити, во вечерниот термин од 21.00 ќе игра со „црвено-белите“ од Белград додека францускиот шампион ПСЖ ќе и биде домаќин на Борусија (Дортмунд). На „Олимпико“ ќе играат Лацио и Атлетико Мадрид додека Феенорд во Холандија ќе го пречека Селтик.
Барселона треба да има лесен натпревар на домашен терен против белгискиот Антверпен. Шахтјор (Доњецк) и Порто ќе играат на стадион во Хамбург бидејќи Украинците не може да играат во нивната татковина поради војната со Русија.