На осум стадиони денеска ќе бидат одиграни воведните мечеви во новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони.
Првите две средби ќе започнат во 18.55 часот и ќе бидат реализирани во Италија и Франција. Интер на домашен терен ќе го пречека чешкиот состав Славија (Прага). Италијанците ќе ја имаат улогата на фаворити. Паралелно ќе се реализира мечот во Франција меѓу „лавовите“ и Зенит. Русите се поискусен тим ако се гледа ЛШ, но, Лион најавува голема битка за првите бодови.
Во вечерниот дел од 21.00 часот ќе има шест мечеви. Челзи ќе се сретне со Валенсија, Ајакс ќе биде домаќин на Лил, Бенфика ќе го пречека ПБ Лајпциг, Борусија Дортмунд ќе игра со Барселона, Наполи со нашиот Елиф Елмас ќе излезе на мегдан со бранителот на тронот, Ливерпул додека Салцбург ќе ги одмери силите со Генк.