Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Започнува првенството на ТЦР Европа, Давидовски и Џиролами ќе ги бранат боите на „ПСС Рејсинг“
    Домашен микс

    Започнува првенството на ТЦР Европа, Давидовски и Џиролами ќе ги бранат боите на „ПСС Рејсинг“

    risteBy riste06/05/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Викендов со трката во Словачка стартува европското првенство во автомобилизам за возила со ТЦР хомологација, а четврта сезона по ред на него ќе учествува Виктор Давидовски од тимот на „ПСС Рејсинг“.

    Веќе беше објавено дека од оваа сезона нему ќе му се приклучи и Франко Џиролами, со што екипата прв пат ќе има двајца возачи.

    „Фер е да се каже во во оваа сезона влегуваме со голема мотивацција бидејќи лани ни беше дозволен настап само на две трки, па се надеваме дека оваа сезона глобалната здравствена ситуација ќе овозможи спортот да се врати во нормала. Оваа зима одработивме повеќе тестови, а последниот од нив беше токму на патеката крај Братислава. Имаме претстава за патеката, иако тогаш возевме по мошне ладно време, но сепак главен фактор очекуваме да биде промената на пневматиците. Минатите сезони возевме со Јокохама, од оваа сезона сите автомобили ќе ги користат гумите на Ханкук, кои се забележливо потврди и имаат поинакви карактеристики. Првиот сектор од оваа патека ќе ни претставува најголем проблем, бидејќи немаме добри перформанси на брзите свиоци. Од друга страна, добивме надградба на аеро-пакетот и веруваме дека тоа може да ни биде потенцијална помош. Не сме тука за да бараме изговори, туку за да ја завршиме работата на највисоко можно ниво. Целта е секогаш иста, да се претставиме во најдобро светло и да се бориме за подиум, но свесни сме дека перформансите ќе варираат од патека до патека, како и со промените на таканаречениот „БоП“ (баланс на перформанси), кој ја прави оваа серија да биде интересна и поразлична од другите, со додавање килограми тежина“,– вели Виктор Давидовски.

    Минатата сезона заврши во ноември со трката во Харама крај Мадрид, па сите учесници имаа шест месечна пауза. Организаторите најавија дека во ТЦР Европа има 22 пријавени возачи, а бранител на трофејот е Мехди Бенани. Во првенството по неколкугодишна пауза се враќа и поранешниот шампион Душан Борковиќ, како и неговиот голем ривал и шампион од 2018 година, Микел Аскона.

    Предвидени се седум трки, при што освен Словачка, сите други се домаќини и на трки од Формула 1 првенството (Пол Рикар, Зандворт, Спа Франкоршамп, Нирбургринг, Монца и Каталуња).

    Тркачката акција овој викенд започнува со петочните тренинзи, додека квалификациите се в сабота во 10.15 часот. Првата трка е во сабота во 15.15 часот, додека втората е во недела во 13.55 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.