Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Заврши екипното првенство во шах: ШК Алкалоид ја освои својата 28. титула, 14 во низа!
    Домашен микс

    Заврши екипното првенство во шах: ШК Алкалоид ја освои својата 28. титула, 14 во низа!

    dinoBy dino29/08/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со доминантна победа од 5,5 : 0,5 во последното коло над ШК Гостивар, ШК Алкалоид продолжи со освојување на титулата државен првак на Македонија во екипна конкуренција веќе 14 години во низа.

    Со максимален учинок од 18 бода во 9 кола, најдобрите македонски шахисти во ниту еден момент не им дадоа надеж на конкурентите за препуштање на шампионскиот трон и експресно ја освоија својата 28. титула во 34 настапи по осамостојувањето на државата.

    Младиот столб на тимот сочинет од ИМ Емил Ристески, ИМ Филип Панчевски, ИМ Тони Лазов и ИМ Дејан Стојановски го понесе товарот во најголем број од мечевите, заедно со велемајсторите Звонко Станојоски, Трајко Недев и Драгољуб Јаќимовиќ. Притоа, беа потпомогнати од засилувањата од Србија на првите две табли – велемајсторите Александар Инѓиќ (европски шампион за 2024 година) и Велимир Ивиќ. Иако сите заслужуваат пофалба за играта и за резултатите, како најуспешен на крајот се наметна ИМ Тони Лазов со 7,5 бода од 8 меча, следен од ИМ Дејан Стојановски со 6,5 бода од 7 партии и од ИМ Емил Ристески со 5,5 бода од 6 партии.

    – Во пресрет на Првенството секогаш се подготвуваме и се мотивираме да играме и да се надигруваме за шампионската титула, но по ваква низа верувам дека е точна мојата констатација дека ШК Алкалоид доминира во екипниот шах во Македонија. Задоволен сум од прикажаното, сите го дадоа максимумот, во ниеден меч не дозволивме да бидеме надиграни. Посебна пофалба оди и до младите шахисти на ШК Мулти Есенс, кои повторно беа во игра за трофеј и кои до последната партија се бореа за третото место,– изјави капитенот на екипата на Алкалоид ВМ Драгољуб Јаќимовиќ.

    На крајот ШК Мулти Есенс го зазема четвртото место бидејќи, и покрај победата над искусниот тим на ШК Прилеп со 5,5 : 0,5, имаше недостиг од еден бод за да го освои трофејот за третото место. Тие имаа пет победи и една нерешена, а во три случаи беа поразени. Велемајсторите Леон Ливаиќ и Лука Драшковиќ беа предводници, додека, пак, на другите табли настапија Михаил Јорданов, Матео Ефтовски, Стојан Велкоски, Никола Павлески, Кирил Николовски и Дино Табаковски.

    Со овој успех, ШК Алкалоид повторно стигна до двојна круна на екипните првенства на Македонија, со оглед на тоа дека претходно и женскиот тим на ШК Алкалоид го освои шампионскиот трофеј во својата конкуренција.

    Следен настап на ШК Алкалоид ќе биде оној на Европскиот клупски куп, кој оваа година се игра во Црна Гора на средина на октомври.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.