Со натпреварите кои беа одиграни денес во рамките на 18-то коло во ПМФЛ заврши есенскиот дел од сезоната.
Шкендија која заврши на првата позиција со 39 освоени бодови го доживеа првиот пораз и тоа на домашен терен во последното есенско коло. Шкендија загуби од Пелистер со гол од пенал во финишот о днатпреварот. Шкупи и Македонија ЃП кои завршија на второто и третто место исто така имаа домашни порази, Шкупи загуби од Струга ТЛ со 1:2, а Македонија ЃП од Ренова со 2:3.
Вардар беше убедлив на гостувањето во Струмица кај Беласица и славеше со 3:0, додека Работнички го победи Борец со двата гола на Лука Станковски со 2:1. Непријатен пораз и за Силекс на домашен терен против Академија Пандев од 1:2, а бодово за приклучок во борбата за опстанок на екипата на Академија Пандев.


