Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле, кој ја обнови повредата на дуелот со Борусија Дортмунд, нема да се појави на терените до крајот на годинава, потврди денеска шпанскиот елитен состав.
Црномурестиот фудбалер откако во 2017 година пристигна на „Камп Ноу“ за големи 140 милиони евра, во континуитет се соочува со повреди и сега ќе мора да го пропушти и така нареченото „Ел класико“ против Реал Мадрид.
Според соопштението на Каталонците, напаѓачот нема да игра на најмалку шест средби и тоа против: Атлетико Мадрид, Мајорка, Интер, Сосиедад, Реал Мадрид и Алавеш.
