Изминитите три дена на теренот на ФК Цементарница во Скопје, а во организација на ФК Кул од Скопје беше организиран 5-от турнир „Кул Куп-2019“ на кој настапија голем број на фудбалски екипи во млади категории од Македонија, но и од регионот.
Многу натпревари и многу убави моменти беа забележани на терените каде што се одиграа овие натпревари, а преку 70 екипи или околу 1000 дечиња можеа да ги покажат своите квалитети и да се дружат, што е и приоритет на овој турнир.
Организаторот ФК Кул од Скопје уште еднаш одлично го организираше овој турнир кој од година во година прераснува во уште поголем турнир на кој учествуваат и многу екипи надвор од нашата држава препознавајќи ја идеата и мотивот на организаторот.
Победници на „Кул Куп – 2019“
Генерација 2007 – Албарса
Генерација 2008 – Црвена Звезда (Србија)
Генерација 2009 – Прилеп Тони
Генерација 2010 – Ника (Србија)
Генерација 2011 – Форца